blog

Дебитантот Ангели сака да го задржи прволигашкиот статус

30/09/2021

За два дена започнува сезоната 2021/22 во македонското кошаркарско првенство која повторно ќе брои 12. клубови кои ќе се борат на прволигашките натпревари. Еден од нив ќе биде и новлијата Ангели кој за прв пат ќе настапи меѓу „елитата“ на мак-баскетот.

Од таборот на „зелено-белите“ најавувааст возбудлива сезона во која целта ќе биде изборување на опстанок со шанса дадена на играчите кои претходната сезона го доведоа клубот во „елитата“.

Ангели и во дебито на прволигшаката сцена ги задржаа дел од играчите кои го предводеа тимот и во Втората лига и настапуваа на двојна лиценса. Па така „зелено-белиот“ дрес ќе продолжат да го носат: Васил Јаневски, Миле Станимировиќ, Теодор Милевски, Петар Прентовиќ, Константин Мартиновски, Лука Наумовски, Андреја Атанасов и Андреја Деолски.

Покрај нив ангажирани се: Леон Стојановски, Миодраг Тодоровиќ, Дамјан Крстевски, Џони Васар и Еј-Џеј Сумбри.

ПРЕДВИДЕН ФИНИШ: Борба за опстанок

Ретко кога дебитнатите на прволигашката сцена не се борат за опстанок во „елитата“ па предвидувањата се така да биде и овој пат. Во полза на „зелено-белите“ ќе биде задржувањето на дел од екипата која играше заедно и претходната сезона, но мора да се напомене дека од тој тим недостастуваат предводниците Митевски, Стојановски, Темелковски и Миновски.

Нивните места се заменети со играчи од домашната сцена како и двете странски засилувања со што останува простор за најмалку два нови играчи во текот на сезоната. На натпреварите од меморијалниот турнир „Анте Дуковски“, Ангели покажаа дека ќе дадат максимум на сите натпревари, а дали тоа ќе биде доволно за задржување на прволигашкиот статус останува да видиме.